
Годинава по втор пат во село Видовиште ќе се организира културната манифестација „Иселеничка средба“ на место викано на Магила, на четврти август со почеток од 11 часот. Самата манифестација ќе се реализира соогласно програмата за културни манифестации на општина Зрновци за 2024 година и одлука на совет за финансиска подршка на културната манифестација.
„Соогласно програмата за културни манифестации на општина Зрновци за 2024 година и одлука на совет за финансиска подршка на културна манифестација втора по ред Иселеничка средба на македонците во странство во село Видовиште на четврти август со почеток од 11 часот на место викано Магила ќе се одржи овој прекрасен културен настан по втор пат.“ – изјави Коцев
Манифестација „Иселеичка средба“ за прв пат се реализираше минатата година, а годинава веќе по втор пат и преминува во традиција. Годинава ќе настапи и естрадниот уметник Влатко Миладиноски.
„Ова година со естрадниот уметник Влатко Миладиноски. Ги повикуваме сите љубители на македонската традиција, ора и обичаи, иселеници да присуствуаат на овој настан заедно да поминеме еден прекрасен момент и дружење.“ – додава Коцев
Градоначакникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев упатуваат покана до сите љубители на македонската традиција, ора и обичаи да присустуваат на настанот, да се забавуваат и да исткаат уште еден момент за паметење.
Лаура Стојанова, М-Нет