
Започнува уредување на тротоарските површини на ул. Загребачка во населбата Дузлак во Штип. Општината вложува над половина милион денари во овој зафат, кој е дел од поширока програма за уредување на урбаната инфраструктура. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека општината етапно работи на повеќе улици во градот.
,,Во населба Дузлак се започнува со уредување на тротоарските површини, поставување на павер елементи, вкупна површина од 630 м2 и нешто повеќе од половина милион денари здвоени средства од буџетот на Општина Штип за уредувањето на оваа тротоарска површина. Ова е само еден дел од активностите кои што се превземаат. 10 тица улици веќе се опфатени во активностите на Општина Штип, се работи етапно. Верувам дека најголем дел од она што е како приоритет ќе биде уредено во текот на оваа календарска година, а она кое што сакам да го споделам е дека они улици за кои што јавноста има барање, сметаат дека треба да бидат додадени и ставени во програмата за уредување на градежно земјиште, ние како локална власт ги согледуваме и согласно нашите капацитети и можности полека но сигурно ги решаваме.“, рече Јорданов
Не постои населба и населено место, каде Општина Штип не навлезе со активности, рече Јорданов. Тој силно верува дека со ваквиот пристап пополека, но сигурно ќе бидат опфатени ситуе улици на територија на општината.
,,Не постои населба, не постои населено место каде што не е влезено со дадена активност. Сметам дека ова е еден позитивен пример, во споредба со порано. Верувам дека со ваков интезитет и пристап дека полека но сигурно ќе бидат опфатени ситеу лици на територија на Општина Штип.“, додава Јорданов
Јорданов истакнува дека општината и понатаму продолжува посветено да работи во сите населби во градот. Како што информираше тој оваа година, програмата на општината предивудува да има рекорден број на улици на кои што ке се работи и со тоа да се подобри инфраструктурата на територија на општината.
Иван Митев, М-Нет