Почна бербата на тутунот во карбинско, ќе има ли оваа година добра откупна цена?

Со пот на челото и засукани ракави, од рани зори тутунопроизводителите ширум земјата ја започнаа бербата. Но, оваа сезона не е како сите претходни. Проблемите со болести на растенијата и неповолните климатски услови, се сериозна закана за квалитетот на реколтата, што ја прави оваа година една од најтешките за производителите. Иако оваа сезона, во која тие вложија огромен труд и време, сепак според нив не ја носи посакуваната слика на успех. Според првичните проценки, квалитетот на тутунот е под очекувањата, поради сериозните проблеми со болести кои го напаѓаат растението.

,,Заврши копањето, некој веќе почнаа со берба, ќе почнеме и ние. Не е како што треба самиот тутун, има гледам болест “, вели Осман Усеин

Оваа година, тие бараат повисока откупна цена. Како што велат сакаат да им се исплати целиот труд, бидејќи тие макотрпно и секојдневно работат на нивите.

,,Под шестотина денари ние сакаме да не биде откупот на тутунот, поинаку не одговара“, додава Осман

Бербата продолжува, но земјоделците се под голем притисок. Бидејќи тутунопроизводството е една од најважните гранки на земјоделството во земјата, резултатите од оваа сезона ќе имаат сериозни последици не само за самите производители, туку и за економијата како целина. Како ќе се заврши оваа сезона, ќе се дознае наскоро, но едно е сигурно – предизвиците не престануваат.

Иван Митев, М-Нет