Почнаа обуките за спречување на меѓуврсничкото насилство во Штип, целта е побезбедни училишта

Насилството повеќе не се случува само во училишните ходници, туку се почесто и зад екраните на мобилните телефони. Специјалистите велат дека сајбер насилството е проблем кој бара навремено препознавање и реакција од наставниците и родителите.

,,Она што е специфично во последно време што на нас ни се случува а тоа е сајбер насилството или насилство преку дигиталнтие медиуми. Секое дете уште од предучилишна возраст знае да работи со паметните телефони и не случајно затоа велат е важно да се препознае затоа што мадите и комуницираат. Стручната колешка за сајбер насилството ке им укаже и на аставниците како да видат.“, кажа Стојановска-Иванова

Современите предизвици во образованието бараат постојана надградба на знаењата на наставниот кадар, потенцираше дирекроката на штипската гиманзија Весна Ристова. Обуките вели треба да помогнат наставниците полесно да ги препознаат и спречат појавите на меѓуврсничко насилство.

,,Гимназијата е едно отворено училиште динамично во кое што се следат сите процеси затоа што има многу промени настаните наназад и во однос на учениците и родителтие и наставниот кадар. Несомнено се потребни вакви обуки затоа што наставниците иницијалното образование секако го добиваат преку студиските програми, мегутоа овие обуки да го препорзнаат и превенираат овој проблем.“, рече Ристова

Обуките ќе продолжат и во останатите основни и средни училишта во Штип, со цел навремено препознавање и спречување на меѓуврсничкото насилство. Надлежните очекуваат преку заедничка работа на училиштата, родителите и институциите да се создаде побезбедна средина за сите ученици

Иван Митев, М-Нет