
Почнаа активностите за реконструкција на ул. Цвета Јованова во нас. Автокоманда во Штип. Од вкупно седум улици од населбата, оваа улица е последна, која што остана да биде реконструирана. Овде најпрво ќе се започне со првата фаза, а тоа е промена на подземната инфраструктура рече градоначалникот Иван Јорданов, а веднаш потоа на надземната.
“Денес сакам да најавам почеток на активности на ул. Цвета Јованова во нас Автокоманда. Ова е последната улица од оваа населба, која што остана да биде реконструирана. Претходно овде знаете дека повеќе од седум улици се реконструираа со целосна замена на водоводната и канализациона мрежа со третирање на тротоари и на коловозни ленти. Последната улица е Цвета Јована која што денес заедно со ЈП Исар ќе се започне со прва фаза од реконструкција, а тоа е промена на подземната инфраструктура , водоводна линија. Со сите приклучоци на индивидуалните куќи, кои што се наогаат на самата улица во наредните повеке од две недели ќе се работи на промена на подземната инфраструктура, а веднаш потоа ќе се третираат тротоарите и ќе се нанесуваат два сфалтни слоја. Повеќе од 1, 2 милиони денари се одвоени за промена на застарената водоводна линија, а нешто околу 4 милиони денари за асфалтирање и третирање на тротоарските површини.“, вели Јорданов
Веднаш штом се подобрија временските услови ЈП Исар отпочна со целосна замена и постатвување на водоводната линија истакна директорот на ЈП Исар Александар Арсовски во која што инвестиција ќе бидат опфатени повеќе од 50 семјества, додава тој.
Она што дополнително посочи градоначалникот Јорданов е дека улицата се очекува во наредните недели да биде завршена, која што е последната улица од населбата автокоманда, која што ќе биде добар пример како треба да изгледа една урбана и модерна населба на територија на Општина Штип.
Иван Митев, М-Нет