Почина штипскиот поет и интелектуалец Благој Самоников

Денеска почина Благој Самоников, поет, интелектуалец. Најголем дел од свјот работен век го помина во Домот на културата како директор и стручен соработник. Од 2004 до 2006 година беше директор на Националната установа за култура „Ацо Шопов“. Неговата работна кариера ја одбележува и заложбата Домот на културата да го добие името на втемелувачот на современата македонска поезија Ацо Шопов. Како поет и писател, Благој Самоников е автор на десетина поетски дела како и на книга драми и раскази. Добитник е на престижните награди: „Живко Чинго“ за проза и „Ацо Шопов“ за поезија. Како поет Благој Самоников се вбројува во елитата современи македонски поети кои на македонската литература и обезбедија место во европската и светската книжевна баштина. Со смртта на Благој Самоников, Штип загуби уште еден член од фамилијата Самоникови која даде сериозен прилог во развојот на политичкиот, стопанскиот и културниот живот на Општина Штип.