
На 55-годишна возраст почина поранешниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев – Грга, оставајќи зад себе значаен белег во локалната самоуправа и општествениот живот во регионот.
Крстев ја извршуваше функцијата градоначалник во периодот од 2017 до 2021 година. Во текот на својот мандат беше активен во повеќе инфраструктурни и локални проекти, а важеше за човек близок до граѓаните и непосреден во комуникацијата со јавноста.
Според информациите, тој починал во Турција, каде што престојувал во изминатиот период. Засега нема официјални детали за причините за смртта.
Веста за неговото заминување предизвика бројни реакции во јавноста. Граѓани, пријатели и политички соработници преку социјалните мрежи изразуваат сочувство до семејството, истакнувајќи ја неговата посветеност, ангажираност и придонес за развојот на општината.