
Почина Владимир Блажев Панчо од дуото ДНК, речиси седум месеци по трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани. Кобниот 16 март 2025 година Панчо се здоби со сериозни повреди и зигореници и беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Тој потоа беше пренесен во приватна клиника во Скопје, каде што го продолжи лекувањето и каде што во изманатите месеци му беа направени неколку операции.
Но, за жал, тој им подлегна на повредите.
Панчо е роден на 29.07.1979 во Скопје. Зад себе остави два сина.
Тој беше познат и како голем хуманитарец, кој заедно со Андреј низ годините им помогнаа на голем број семејства и лица кои имаа потреба од секаква помош.