Потпишан договорот за изградбата на Домот за стари лица во Кочани

Потпишан договорот за изградбата на Домот за стари лица во Кочани, кој се очекува да биде завршен за две и пол години. Во наредниот период се очекува да се комплетира техничката документација и да се надминат преостанатите процедури. Камен-темелникот треба да биде поставен во следните неколку недели, по што ќе започнат градежните активности. Предвидено е објектот да има капацитет за околу 150 корисници, а до крајот на годинава да биде завршена карабината.

,,Договорот е веќе потпишан, очекуваме комплетирање уште малку на техничката документација и решавање на определени прашања повразни со проектот и се надевам дека од три до четири недели да удариме камен темелник на старечкиот дом во Кочани. Старечкиот дом би згрижув околу 150 стари лица, а очекуваме до крајот на годината да завршиме со карабина на истиот. Догодина се надевам да го комплетираме и во предвидениот рок од две ипол години да го пуштиме старечкиот дом во функција. “, вели Грозданов

Грозданов вели, повеќе од потребен е овој дом за старите лица особено од Кочани. Вели овде не станува збор за средства или нешто друго, туку за тоа сите стари лица бидат згрижени што побрзо, бидејќи младите се надвор од државата.

,,Повеќе од потребен е старечкот дом. Да кажеме за една споредба, во моментот во Берово чекаат околку 200 лица, кои чекаат згрижување, а да не зборуваме за останатите делови од источна Македонија. Точно дека многу лица се иселени, но тие се млади. Тие немаат каде да ги згрижат. Овде не станува проблем ниту за средства, ниту за било што. Старечкиот дом ќе биде во државна сопственост.“, додава Грозданов

Како што дополнително посочи Грозданов, предвидено е Домот на стари лица да биде по сите европски стандарди. Да има тим лекари, лица кои што ќе се грижат за оваа категорија граѓани, со цел квалитетно ниво на згрижување на старите лица.

Иван Митев, М-Нет