
Постхумно излезе од печат второто дополнето издание на книгата „Подвизи за славната Македонија“ од Кирил Донски. Второто издание на оваа книга е подготвено од страна на неговиот син Виктор Донски. Книгата е продолжение на животот на Донски, но во неа се зборува и за холокаустот на Евреите како и животот во Штип пред почетокот на војната.
„Издадовме второ издание на оваа книга и дополнивме некои интересни и важни мометнти. Пред сѐ додадена е пресудата според која е осуден Кирил Донски на казна затвор од 18 месеци и исто така дополнета е со негово интервју дадено за музејот на колокаустот на Евреите каде се опишува како одела депортацијата во Македонија, животот во Штип во 20 и 30 години пред почетокот на војната. Самата книга преставува еден вид на автобиографски роман базиран на неговиот вистинит живот“ – вели Донски.
Освен автобиографските информации за Кирил Донски, во книгата се опишани и борбените дејствија за време на втората светска војна. Целта е истата да остави белег врз младата генерација, а тенденција е да се направи и игран филм.
„Главно книгата става акцент на борбените дејствија за време на втората светска војна. Книгата не е само за Кирил Донски туку остава еден голем белег на македонските војници кои храбро се бореле. Пред сѐ е доста интересна и мислам дека е подготвена да се направи еден игран филм во иднина. Главна цел на книгата е да остави траен белег кај помладите генерации“ – додава Донски.
Инаку, Кирил Донски е автор на над 40 патентирани пронајдоци. Работнииот век го завршил како универзитетски професор, а почина во 2013 година.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет