Поставен камен темелникот на црквата Св. Петар и Павле во село Теранци

Години наназад селото Теранци го чествува празникот Петровден посветен на Светите апостоли Св. Петар и Павле. По тој повод се постави и камен темелникот на црквата во саботата на 29 јуни. Оваа црква ќе го носи името на овие светители. Истата беше осветена од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а потоа се одржа литургија.

„Црквата е на Св. Петар и Павле, затоа што нашето село славеме Петровден посветено на Петар и Павле. Камен темелникот е поставен во саботата на 29 јуни . Да, да секако затоа што тоа е од селото таму што се собирани пари.“ вели Вучков

Црквата ќе има десет метарски осветлен крст кој ќе биде поставен позади домот во селото . Во попладневните часови ќе се организира настан каде сите заинтересирани граѓани и верници ќе можат да донираат финансиска помош за црквата се со цел да се забрза нејзината понатамошна изградба.

„Секоја донација е добредојдена, црквата ќе се наоѓа кај домот во село Теранци. Ќе има десет метарски крст, позади домот осветлен. Мислам дека ќе има нешто да се подели попладне нешто, нели како прва година за да се собере па некој денар од верниците за да може да се забрза изградбата„ посочи Вучков

Оваа година за прв пат кај камен темелникот ќе се подготвува ручек во чест на чествувањето на селската слава. Поставувањето на камен темелникот е од особена чест бидејќи останува траен белег на селото Теранци.

Лаура Стојанова, М-Нет