Последното коло во Втора лига ќе решава кој да биде шампион, кои екипи ќе патуваат во Прва лига!

Последното коло во Втората македонска фудбалска лига ќе решава кој да биде шампион, а кои две екипи ќе патуваат во Прва лига, а која екипа ќе игра бараж.

Дербито на претпоследното 29. коло на Втора лига кое го следевте во живо на М Нет телевизија заврши без победник, но и без голови (0:0) Арсими и Македонија ЃП ги поделија бодовите.

„Прав првенствен натпревар во кој што ние игравме како што знаеме и како што сме играле цело првенство. Се осмелувам да го кажам тоа без разлика на тоа што игравме против Македонија ЃП, екипа која што е прва на табелата, ние сме втори. Доминиравме цел натпревар одигравме како што знаеме уште еднаш ќе кажам, имавме многу шанси и многу прилики. Имавме многу посед на топка цело време натпреварот се игараше во наша трета зона или во нивна прва зона, цело време игравме тоа што го знаеме најдобро да го играме. Меѓутоа понекогаш и со добра игра не победуваш, Македонија ЃП беше дојдена од почетокот се гледаше дека играше на нула, но задоволни сме од нашите играчите, задоволни сме од тоа што го зацртавме, не е лошо, битно е дербито да го победиш, но уште побитно е и да не го загубиш. По тој принцип ние игравме на тој натпревар и сега се ќе се решава во последното коло. Ние играме против Вардар Неготино, без разлика што ќе одлучи ФФМ во врска со случајот Кожуф и Башкими, ние ќе одиме против Вардар Неготино да си ја завршиме нашата работа и дај Боже идната недела да се радуваме на успех и пласман во Првата лига, кој што мислам според играта според целото првенство, според тоа што го имаме прикажано, се осмелувам надвор од мојата скромност, ние го заслужуваме тоа и мислам на крајот ќе го добие“, вели Вилдан Салиу, стручен штаб на ФК Арсими за М Нет телевизија.

Брегалница со гол во самиот финиш на младиот Бранимир Иванов дојде до минимална, но голема и значајна победа над Охрид.

Во меч со пет гола и пресврти екипата на Башкими со 3:2 го доби Детонит Плачковица и така ја продолжува борбата за Прва лига. Одново херој за Башкими беше Христијан Митревски.

„Тежок натпревар, момент во последните секунди од натпреварот се најдов јас таму да го решам пред оваа прекрасна публика што беше наш 12-ти играч, голема благодарност за публиката за навивачите. Прославата на голот не беше случајна, тоа беше кај газдата Бурак Хида, едно големо благодарам за него што цела година е со нас тука и ни дава поддршка, за се што правиме, мислам дека после целата ситуација Башкими нема да се откаже и ќе продолжи напред. Секоја чест за публиката и голема благодарност, Башкими напред. Дефинитиво ова е еден од моите најубави голови во кариерата, дефинитивно ќе го паметам цел живот и го посветувам на навивачите, на градот, на клубот, на Башкими, на сите заедно да се радуваме и понатаму“, вели Христијан Митревски, фудбалерот на ФК Башкими

Беласица на домашен терен одигра 1:1 со Борец во Струмица, а пак Каменица Саса со минимални 1:0 го доби дербито со Осогово. Тимот на Новаци забележа голема и убедлива победа од 4:0 над Скопје, додека пак Вардар Неготино во Богданци беше пресилен со 0:3 над Вардар Неготино. Екипата на Кожуф забележа триумф од 1:2 над Победа после долга серија без триумф за тимот од Гевгелија.

Следниот викенд ќе бидат одиграни натпреварите од последното 30. коло на Втора лига, а во исчекување на одлуката за мечот од Гевгелија меѓу Кожуф и Башкими и како тоа би можело да влијае на конечната табелата.

Македонија ЃП е прва со 64 бодови и со триумф против Беалсица ќе ја обезбеди шампионската титула во ВМФЛ и ќе направи експресно враќање во Прва лига. Башкими е втор со 63 бодови, но зависи одлуката за мечот од Гевгелија, првично како што соопшти ФФМ тој резултат не е регистриран, па ќе чекаме на конечна разврска, а пак Арсими има 62 бодови, додека пак Брегалница е четврта со 58 бодови.

30 коло ќе решава многу дилеми и одлуката за мечот од Гевгелија.

Александар Ванев, М-Нет