
Последни подготвки за празникот Прочка, граѓаните во потрага по квалитетни кори, портокали и ореви. Штипјани достојно ја чуваат традицијата за празникот, да подготват баклава по стар рецепт, да испржат риба, да замесат пресна погача и да го соберат семејството на ручек. Вела адетот е да се бакне раката на постариот и да се побара прошка еден на друг и со чиста душа да се почне велигденскиот пост.
Кога е во прашање празнувањето Прочка некогаш и сега, разликата е нео земја, додаваат анкетираните. Некогаш денот имал големо значење, велат денеска проштевањето не значи ништо.
Инаку, проштевањето има големо значење во православната вера. Според свештениците, важно е да се прости со срце и душа и со чиста совест, исповед и мир во душата се започне подвигот за Велигден.
Иван Митев, М-Нет