Пораст во бројот на неважечки ливичиња на изборите, над 53 000 во државата, околу 5000 во Истокот

Над 53 илјади ливчиња на Локалните избори 2025 беа прогласени за неважечки, што преставува 6.1% од сите гласови. Според официјалните податоци на ДИК бројот на неважечки ливчиња е зголемен споредбено со претходните Локални, претседателски и парламентари избори.

Од вкупно 884.851 избирач, дури 53.713 ливчиња биле прогласени за неважечки.

Најголем дел од нив, над 12.000 ливчиња, се евидентирани во Град Скопје, што претставува повеќе од една петтина од неважечките гласови на национално ниво. Ваквиот тренд повторно го отвора прашањето за изборната едукација, техничките пропусти и можните протестни гласови.

Во оптшините од Истокот има вкупно 5003 неважечки ливчиња на овие Локални избори. Најголем број неважечки ливчиња има во Штип 131, потоа во Кочани 812, како и во Делчево и Пробиштип 696 однонсо 656.

Во Општина Кочани на четири избирачки места е регистирано дека не излегол да гласа ниту еден избирач. Во селото Пантелеј во избирачкиот список имало запишано 26 избирачи, но не гласал ниту еден. Не гласале и во селата Рејчани и Безиково.

Ниту еден гласач не излегол на избори на едно избирачко место во Штип о на две избирачки места во Пробиштип.

Во споредба со претходните изборни циклуси, бројките јасно покажуваат постојан раст на неважечките ливчиња. На Локални избори 2017 имало 11.472 неважечки ливчиња за градоначалници и 13.367 за совети.На наредните Локални избори во 2021, имало вкупно 37.859. На Претседателски избори во 2024 имало 24.305 неважечки ливчиња, додека на Парламентарни избори 2024 – 27.127.

Аналитичарите предупредуваат дека зголемувањето на неважечките гласови може да укаже на системски слабости во изборниот процес, но и на зголемено незадоволство кај гласачите.

Вториот круг од Локалните избори 2025 ќе се одржи на 2 Ноември во 33 општини во државата кои не избраа градоначалник во првиот изборен круг.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет