Полицискиот час од 22 до 5 часот продолжен за уште две недели

Продолжува полицискиот час за уште две недели. По првичните информации на Министерството за здравство, за полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, кој требаше да заврши денеска 22 март, вчера Министерот за здравство, Венко Филипче, го продолжи истиот за дополнителни две недели. Нема зголемување на временскиот период, а доколку има потреби рестрикциите ќе бидат зголемени но првично ќе се разгледуваат бројките на новозаразени пациенти.
Од Министерството за здравство информира дека продолжува да важи забраната за движење од 22 часот до 05 часот наутро. Комисијата за заразни болести следните денови, согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни дополнителни рестриктивни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана. Министерството за здравство апелира до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.
Во изминатото деноноќие од направени 2730 тестирања, позитивни се 642 пациенти, од кои во Штип 15, во Берово 12, во Делчево 9, Кочани 5, Виница 4. Пријавени се и 25 починати од кои по едно лице во Штип, Кочани и Пробиштип.
Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.

Лаура Стојанова М-Нет