Покачување на пензиите за 5000 денари и Ветерен парк е следното во кое ќе се насочи новата Влада во штипскиот регион

Првата одлука која ќе биде донесена на првата Владина седница ќе биде за покачување на пензиите за 5000 илјади денари – посочи денеска од Штип новиот премиер Христијан Мицкоски. Дециден дека пензионерите заслужуваат повеќе, истакна дека планира во првата година, секој пензионер да добие покачување од петилјади денари.

„Но започнуваме да работиме на новото законско решение за линерано зголемување на пензиите, она кое што го ветивме во процесот на предизборието. Во првата година да имаме линерано зголемување за секој еден пензионер од 5000 илјади денари на нивната пензија, така што започнуваме со министерот за социјална политика, демографија и млади и министерката за финансии. Во текот на утрешниот или денот потоа ќе имаме работен состанок каде почнуваме да го драфтираме и овој закон кој што набргу ќе се најде во парламентот.“ – изјави Мицкоски

Уште еден во низата капитални проекти е и ветерниот парк кој е најавен во штипско карбинскиот регион. Веќе утре ќе биде објавен проектот и ќе биде познат инвеститорот на инвестицијата вредна од 400 до 450 милиони евра.

„Да тоа е проект кој што утре ќе го објавиме, тоа е ветерен парк кој што ќе биде изграден помеѓу трите општини Карбинци, Штип и Радовиш. Ветерен парк кој што ќе има вредност на самата инвестиција помеѓу 400 и 450 милиони евра. Утре ќе го видите инвеститорот. Тој проект е исклучително значаен во делот на енергетското потфолијо на државата во целост кој значително ќе го подобри перформансот на енергетските капацитети. За проектот немаме специјален закон, нема загарантиран откуп, нема загарнтирана цена, а производот ќе се пласира на слободниот пазар.

Мицкоски додава дека овој проект за граѓаните и за бруто домашниот пазар ќе донесе доплонителни 100 милиони евра годишно, нешто кое што досега недостасувало. Ова значи дека за првпат македонскиот ветер ќе донесе нови 100 милиони евра во бруто домашниот производ.

Лаура Стојанова, М-Нет