
Професор доктор Никола Смилков, Трајче Цветков, Божидар Симоновски и невладината организација Камп едукација се добитници на највисокото општинско признание Осми Ноември. На денешната седница на Советот на Општина Штип едногласно беше донесена одлуката признанијата да завршат во нивни раце за исклучителен придонес во Општина Штип за 2022 година.
На седницицата советниците од СДСМ и коалицијата побараа проширување на листата на добитници, но предлогот не беше усвоен. Според координаторот на советничката група оваа манифестација од година на година се повеќе го губи својот сјај.
„Дали може овде на Седница на совет оваа листа на добитници да се прошири и да се даде предлог?
Осмоноемвриската награда се доделува на секои пет години, а приознанието се доделува секоја година. Признанието се добива за тековни активности во изминатата година. Ова како пракса се следи секоја година, а советнците ја донесуваат конечната одлука.
Лаура Стојанова М-Нет