Штип ќе го добие најголемиот соларен парк Стипион, инвестиција од Франција

Изградба на најголемиот соларен парк Стипион во Штип, зајакнување на соработката на Франција со Општина Штип како и изучување на франзускиот јазик во сите основни и средни училишта во градот беа дел од дискусиите на денешната средба меѓу амбасадорот на Франција и градоначалникот Јорданов.

„Во најава е и за кратко време се очекува да се случи најголемата инвестиција во енергетскиот сектор на територија на Општина Штип, тоа е француската инвестиција во изградба на соларниот парк Стипион и ќе значи многу за нас како град, пред сѐ заради зголемување на енергетскиот потенцијал. Разговаравме и за евроинтеграцискиот процес на Македонија кој очекуваме да биде забрзан.“ – кажа Јорданов.

Според амбасадорот со реалзиација на овој прокет Штип ќе го добие најголемиот соларен парк во регионот на Западен Блакан. Од технички аспект сите подготовки се завршени со што се очекува да биде изграден во најбрз можен рок.

„Тоа ќе биде најголемиот фотоволтаичен парк не само во државата туку во целиот регион на Западен Балкан. Во поглед на економската криза која постои во светски рамки, Северна Македонија ќе ја зголеми својата енергетска независност. И за таа цел уште повеќе ќе соработуваме и ќе ги зголемуваме билатералните односи со господинот градоначалник се договоривме дека навистина е неопходно да се зголеми бројот ученици којшто ќе го изучуваат франзускиот јазик и тој повторно да си го завземе местото во Општина Штип“ – додаде амбасадорот.

За реалзација на проектот за изградба на најголемиот соларен парк во Штип се завршени сите технички подготовки, а дека реализацијата ќе се случи брзо потврдуваат и подготовките во Штип, исткана Амбасадорот. Останува уште носењето на специјален Закон за оваа стратешка инвестиција кој го подготвува Владата. Инвестицијата е вредна неколку милиони стонина евра и се работи за производство на 400 мегавати на час.

Лаура Стојанова М-Нет