Пожар на оџак во зграда во населба Сењак во Штип

На 13.12.2025 во 10:45 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски Фронт“ во Штип настанал пожар на оџак во зграда, при што бил оштетен стан сопственост на М.С.(74) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.