
Вчера во 11.25 часот во зградата на Полициската станица Кочани, во просторијата за врски, настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Bил извршен увид на настанот, но нема информации за причината на пожарот.