Подготвени за асфалтирање улиците „Радански пат“ и „Цар Самоил“ во Штип, издвоени над два милиони денари

Денеска се подготвија а во текот на наредните денови ќе се асфалтираат улиците „Цар Самоил“ и „Радански пат“ во Штип. Општината од Буџетот издвои нешто повеќе од два милиони денари со цел реализација на овој проект и подобрување на уловите за живот на граѓаните.

„Денес овде започнаа активности за припрема за асфалтирање. Освен улицата „Цар Самоил“ или некогашна Косовска ќе биде асфалтирана и уредена главната сообраќајна улица „Радански пат“ која води од ООУ „Гоце Делчев“ кон улицата „Цар Самоил“. Двете улици во текот на денешниот ден ќе се подоготват а во следните денови ќе се исазфалтираат. Нешто повеќе од два милиони денари се издвоени“ – вели Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов истакна дека секојдневно се работи со забрзана динамика на патната инфраструктура и се очекува да биде завршено се што е испланирано. Се работи по барањата на граѓаните, а согласно можностите на општината.

„Продолжуваме со активностите во секоја населба. Сега дојде ред и на ова населено место врз основа на потребите на граѓаните. Верувам дека оваа година ќе успееме да го реализираме се она кое е предвидено“ – додава Јорданов.

Во меѓувреме се работи на повеќе локации во повеќе населени места во Штип, како на асфалтирање на улици, така и на уредување тротоарски површини, влезови пред станбени згради, паркинг простор и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет