Поголемо присуство на полицијата на терен и поголема свест кај возачите се потребни за помалку сообраќајни несреќи

Две сообраќајни несреќи за само четири дена во Истокот, со три жртви, но и уште неколку на ниво на државата. Полни полициски билтени со казни за брзо возење, непрописно паркирање, возење под дејство на алкохол, или без возачка дозвола. Засилени акциски контроли – но колку ова дава резултат. Спорет Роберт Рогожаров неопходно е да се зголеми присуството на полиција на терен, да се казнува и да се намали бројоот на сообраќајни несреќи, но и бројот на жртви.

„Најпрво треба дел од сообраќајната полиција на биде поприсутна на терен. Многу почесто же бидат опоменувани граѓаните, бидејќи јас сметам дека нашите учесници во сообраќајот се препуштени самите на себе и не допираат ниту казните до нив.“ – вели Рогожаров.

Според Рогожаров, поставувањето на најавените камери по улиците и патиштата нема да го намалат бројот на сообраќајни несреќи. Потребно е под итно да се вршат обуки и да се преземаат мерки и активности, а во тоа да се вклучат сите институции за да се подигне свеста кај возачите и сите учесници во сообраќајот.

„Со внесувањето на камерите тие само ќе ја внесат состојбата на лице место, а ќе нема мерка со која ќе може да се надмине овој проблем. Мора да се најде начин да се подигне свеста кај учеснците во сообраќајот, вклучувајќи овде и психолози, педагози“ – додава Рогожаров.

Рогожаров посочува дека иако во Хрватска имало најсторги казни и најстроги критериуми сепак бројот на сообраќајни несреќи не е очекувано намален, Токму затоа треба да се размислува да се реагира со цел побезбедни патишта.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет