Повторно вандализам на стадионот во Карбинци – искршени прозорци, оштетена врата на соблекувалните!

Повторно вандализам на стадионот во општина Карбинци, како што информираше фудбалскиот клуб Карбинци преку соопштение, пред два дена биле поставени нови прозорци на гостинската соблекувална, а веќе вчера бил скршен прозорец, оштетена вратата на домашната соблекувална, скршен прозорец и на гостинската соблекувална.

Клубот преку соопштение реагираше за овој вандализам, а стадионот пред нешто повеќе од месец дена исто така беше цел на вандализам.

Тогаш беа искршени прозорци на соблекувалната, скршени столчиња на трибината и уништена ограда за да минува стоката таму каде што не треба.

Карбинци утре на овој терен ќе го пречека тимот на Дојранско Езеро.

Александар Ванев, М-Нет