
Вкусот на зготвената домашна храна не е споредлива со никоја друга велат штипјани, соогласни дека секојдневно практикуваат да јадат домашна храна која е приготвена на вкусен начин. Но додаваат дека кога имаат многу обрвски во денот и сакат времето за готвење да го пренасочат на друга обрвска се одлучуваат да купат и зготвена храна од кујните и продавниците. Неисплатливо е за четири члено семејство да се купи готова храна бидејќи е многу скапо, во денешно време и готвената храна е многу скапа и за еден велат штипјани.
„Ја верувам дека повеќе народот си ги купуват и дома си прават јадење, а поединци што сме како нас јадеме во градот кој работе секако. Тоа е катастрофа треба власта да реагират на тоа дека е скапо многу низ цела Македонија. Бабичката ми готве. Готова ретко ретко некогаш само кога се брзаме и мора да купеме инаку дома си готвеме, сами сме со бабичката децата не се овде. Подобро од домашна храна нема. Дома си готвам, дома си готвам. Е па уште како, скапо е ама и домашното друго е, дома си ти направеш. Па пак се повеќе исплаќа да си готвеш дома, нема еден бурек е 70 денари, многу е скапо, ако си со двајца или тројца ич не се исплаќа.“ – велат штипјани
Посочиа дека нешто највкусно јадење во минатото било кога на шпоретот со дрва ќе си зготват вкусна чорба за време на ледените денови, додаваат дека секои вешти раце на домакинките кријат свој тален во готвењето, а многу е важно да има кој да зготви.
Лаура Стојанова, М-Нет