Повик за вонредна крводарителска акција во Штип

Црвениот крст – Штип ги повикува крводарителите на вонредна крводарителска акција која ќе се одржи во среда 15.04.2020 год. од 09 до 14 часот. Оваа вонредна крводарителска акција ќе се одржи со цел да се зголемат резервите на крвни единици, кои периодов се приближуваат кон дното. Црвениот крст, исто така, пренесува лекарски совет од д-р Мери Шорова, специјалист по трансфузиона медицина:

,,Ги охрабрувам сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Би сакала да напоменам дека нема ризик за добивање на COVID-19 преку процесот на крводарување бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија. Нашите резерви на крв пресушуваат. Одвојте 30 минути од вашето драгоцено време и бидете дел од нашата крводарителска акција во Црвен крст Штип”.

Благој С.