
Засадени повеќе од 100 садници во петте основни училишта во Штип. Станува збор за украсни дрвца кои ќе ги разубават дворовите на основните училишта во градот и приградските штипски населби. Целата на ваквата активност е да се подигне свеста кај сите за зачувување на животната средина.
„ Денес во сите пет основни училишта како и во гимназијата се засадија дрвца, донација од Националната агенција за европски образовни политики и мобилност. Цел е да ја подигнеме свеста кај сите за зачувување на животната средина, како и да дадеме еден мал допринос во борбата против климатските промени. Како што можете да видите учениците навистина прифатија и дрвцата во сите училиште беа успешно засадени. “ – изјави Аџипетров.
Претходно дрваца се садеа во Струмица и Кавадарци, а акцијата започна минатата со засадување дрвца во Скопје. Тенденција е да продолжи регионално и во останатите градови во државата.
„Ние како Национална агенција за европска образовна мобилност, работиме подолг период за спроведување на хоризонталниот преоритет од програмата Еразмус плус и Европскиот солидарен корпус, фокусирано на зелената агенда. Денеска во вашиот град исто така и во Кавадараци и Струмица со можностите кои ги има националната агенција ја спорведуваме оваа акција која започна минатата година. Каде што се садеа дрвцаво Скопје и околината, а сега одиме Регионални и се надеваме дека ќе воспоставиме традиција секоја година успешно да допринесеме колку што можеме.“ – изјави Величков.
Дрвца се задасија и во дворот на штипската гимназија „Славчо Стојменски“ во Штип. Со ваквите акции се помага за подобрување на климатските промени, но и за подигање на еколошката свест кај децата цели директорката Весна Ристова.
„Голема е честа учениците да бидат вклучени во една ваква еколошка акција која што значи подигнуваање на свеста на младите за еколошката свест секако и климатските промени и секако секое засадување на ново дрво, нова сзадница во нивната младост ќе остане запаметена и ќе значи и понатаму да се стремат и да ја подобруваат животната средина.“ – изјави Ристова.
Со секое засадување на дрвце ние го подобруваме нашето место наживеење, велат учениците кои беа дел од акцијата. Согласни се дека на ваков начин ем придонесуваат за животната средина, ем другаруваат.
„Верувам дека овој поттик и подарок ќе ни помогне да ја подигнеме свеста на граѓаните, нивната еколошја свест за глобалните промени за заштита на околината и природата. Се надевам дека ова во иднина ќе ни прерасне во пракса, бидејќи секој од нас се чувствува многу исполнето, кога сади садници бидејќи знае дека ја подобрува околината и местото на своето живеење.“ – изјави Стојановска
„Би сакале да се заблагодариме на националната агенција за европско образувани програми и мовилност на самата донација, а со тоа навистина чуствувам дека ќе помогне и поттикне совест за луѓето за самите климатски промени и самата заштита во средината.“ – изјави Димитровска
Акцијата за засадување во училиштата во Штип беше успешно спроведена со помош на учениците и нивните наставници.
Лаура Стојанова М-Нет