
Второлигашот Победа за пролетната полусезона во која ќе води борба да го потврди опстанокот многу порано и да има мирна завршница од сезонаа се засили со 20-годишниот Исмаил Бектеш.
Се работи за млад и талентиран играч кој ќе биде вистинско освежување во редовите на Победа за пролетниот дел. Претходно, Бекште настапуваше за Новаци од каде доаѓа во Победа, како и Каменица Саса и Тетекс, а настапуваше и за младинските категории на Работнички и Македонија ЃП.
Прилепчани пролетниот дел од сезоната во Втората лига го отвараат против Брегалница од Штип на домашен терен.
Александар Ванев, М-Нет