
Прилепска Победа, која некогаш настапуваше и во европските квалификации, во сабота ќе игра едни поинакви квалификации, овој пат за опстанок во Втората лига.
Победа која е македонски фудбалски бренд, Победа која е прилепска гордост, Победа која лани играше во Прва лига, но експресно испадна, сега е пред можноста да го доживее истото што и Борец, во две сезони од Прва лига да заврши во Трета лига – Југ.
Победа има две шампионски титули во Првата лига во сезона 2003/2004 и сезона 2006/2007 и освоен Куп во сезона 2001/2002. Победа имаше доста падови во својата историја, а најголемиот пад беше казната од УЕФА и ФФМ кога Победа беше исфрлена од Прва директно во Трета лига.
Победа лани експресно испадна од Прва лига, иако имаше најави за експресно враќање во елитата, најави за формирање на екипа со која Победа ќе биде конкурентен тим за врвот во Втора лига, сепак Победа, особено на полусезоната остана на цедило со заминување на клучни играчи, па настапувајќи со младици и кадети. Ждрепката посака Победа да го добие можеби и најконкурентниот тим односно Куманово, кој е шампион во Трета лига – Север.
Младите фудбалери на Победа играа од срце, од љубов, од почит кон Победа, од почит кон брендот во македонскиот фудбал, но и за навивачите и верните „мајмуни“.
Изјава за телевизија М Нет даде шефот на стручниот штаб Јане Николоски, направи кратка анализа за сезоната во Втората лига. Николоски за М Нет даде свое видување и за баражот против Куманово. Победа во пролетниот дел настапуваше со младинци и кадети. Николоски верува во неговите момци за овој бараж меч против Куманово.
Бараж натпреварот меѓу Победа и Куманово се игра на стадионот во Ѓорче во сабота од 17 часот. Последните 90 минути, дали Победа ќе остане во Втора лига, дали Куманово ќе биде нов второлигаш.
Александар Ванев, М-Нет