
Победа Валандово го доби дербито на 4. коло во Трета лига регион 3 откако во Свети Николе го совлада Овче Поле со минимални 0:1, а стрелец на победничкиот гол беше Елдан Шата.
Тимот од Валандово кој минатата сезона беше шампион, но не го помина баражот за Втора лига, има перфектно отварање на сезоната со четири победи на толку натпревари.
Но, Победа има уште една причина за радост, конкурентите направија „кикс“ и со тоа сега тимот од Валандово е осамен лидер на табелата.
Ланскиот второлигаш Каменица Саса одигра 0:0 против Малеш во Берово за делба на бодовите, додека пак Огражден одигра исто така 0:0 против Слога во Виница, со што ланскиот второлигаш Слога стигна до првиот бод во четвртиот меч.
Тежок пораз доживеа Брегалница од Делчево, која на гостувањето во Пирава загуби од Ударник со 5:2, а нов пораз забележа Карбинци кој пред домашната публика со 0:4 загуби од Дојранско Езеро.
Нов дебакл за Тиверија, која на домашен терен беше убедливо декласирана од Хоризонт Турново со резултат од 2:10.
Победа Валандово е лидер со максимални 12 бодови, втор е тимот на Огражден кој има десет бодови, а пак Малеш од Берово е трет со осум бодови. По седум бодови имаат Дојранско Езеро и Брегалница од Делчево за делба четвртото место, а пак Каменица Саса е шеста со шест бодови.
Овче Поле се спушти на седмото место со само пет бодови и веќе има сериозно заостанување од првото место, а ако се земи предвид фактот што тимот од Свети Николе сака бараж за Втора лига, тука многу работи ќе треба да се поправаат за лошиот старт на сезоната.
Хоризот Турново е осми, исто така со пет бодови како и Овче Поле, а пак Ударник останува на деветтото место, но сега има четири бодови. Слога од Виница е на десеттото место со еден бод, а на дното без бодови се Карбинци како претпоследен и Тиверија која е на дното.
Александар Ванев, М-Нет