Планинари на ПСК „Осогово“ од Кочани искачија три врвови над 4000 метри на Алпите

Четворица планинари кои што се членови на Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“ од Кочани реализираа седумдневна експедиција за искачување на врвови на Алпите во период од 19. до 26. јуни. Експедицијата се движеше преку Италија, Франција и Швајцарија со искачување на врвотеи Брајтхорн 4156 м.н.в, Пирамида Винсент 4215 м.н.в, Балменхорн 4167 м.н.в. како и Монблан од 4810 м.н.в.

По многу лоши и тешки услови тимот кој беше предводен од искусниот водич Александар Кирковски се соочи со многу лоши временски услови, многу природни непогоди, но сепак тимот успеал да ги пребродиме сите пречки и ја постигнеме зацртана цел.

„Последниот врв Мон Блан поради инзворедно тешки услови го искачивме 70% но поради загрозување на нашата безбедност моравме да се вратиме во базниот камп. Лошо време, но силен карактер. Донесовме тешка одлука за да повеќе од половина пат да се повлечеме од Мон Блан. Но и во вакви тешки временски услови не ни го скршија духот и атмосверата за да ја постигнеме нашата цел и се радуваме за постигнатите резултати. Благодарност до сите кој беа дел од оваа успешна експедиција“, велат од Планинарско-спортскиот клуб „Осогово“

Членовите на експедицијата истакнаа дека можеби нивната експедиција е првата која што успеава во краток период да искачи три врва над 4000 м.н.в.

Александар Ванев, М-Нет