Пијанистката Андријана Арлен, која живее во Шведска, со концертна турнеја низ Македонија

Пијанистката Андријана Арлен, која повеќе од 20 години живее и твори во Шведска, се враќа пред македонската публика со концертната турнеја „Пијано шоу“. До крајот на 2026 година се планирани четири концерти, кои ќе понудат спој на класична, кросовер и филмска музика со современи аранжмани. Турнејата започнува на 31 октомври во Велес, продолжува на 12 ноември во Битола и на 14 ноември во Штип, а завршниот концерт ќе се одржи на 7 декември во Скопје. Арлен изрази задоволство што конечно ќе ја реализира турнејата и надеж дека концертите ќе привлечат љубопитна публика.

,,Мене навистина ми е драго што конечно ќе можам да ја изреализирам оваа моја турнеја ,,Пијано шоу“. За сега до крајот на оваа 2026 година успејавме да организираме 4 концерти. Првиот концерт на 31 октомври во Велес, потоа Битола на 12 ноември и 14 ноември во Штип во домот на културата. Последниот концерт за оваа езона на 7 декември во хил хармонија во Скопје како завршен концерт. Се надеваме на публика која ќе биде љубопитна.“, вели Арлен

Арлен долги години живее и твори во Шведска, а досега нејзините концерти се одржувале главно во Скандинавија. Сега, со својата прва турнеја од ваков вид, таа се враќа во родната Македонија, каде што ќе ја сподели својата музика со домашната публика.

Иван Митев, М-Нет