
Во недела започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, со натпреварите од првото воведно коло.
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдатата на воведните натпревари, кои на програмата се во недела.
Судијата Димитар Пилешков од Штип ќе биде главен судија на дуелот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш, кое ќе биде „Суперкуп“ на актуелниот шампион и освојувачот на Купот на Македонија.
Александар Ставрев ќе го суди соочување на новајлијата Беса и Шкендија во Гостивар, главен судија на мечот меѓу Работнички и Силекс ќе биде Александар Грујоски од Кичево.
Натпреварот меѓу Брера и Вардар ќе се одигра под рефлектори од 20 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица каде задолжен за правдата ќе биде Јован Качевски од Струга.
Стојанче Трпчески од Кавадарци ќе биде главен во Битола каде ќе играат повратникот Пелистер и Гостивар, а Влатко Илиоски ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Шкупи и Воска Спорт.
Сите натпревари ќе започнат во 17 часот, а дуелот меѓу Брера и Вардар ќе се одигра од 20 часот под рефлектори.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 1. КОЛО ПРВА ЛИГА 2024/2025:
Струга Трим Лум – Тиквеш, Димитар Пилешков (Штип)
Беса – Шкендија, Александар Ставрев (Скопје)
Работнички – Силекс, Александар Грујоски (Кичево)
Брера Струмица – Вардар, Јован Качевски (Струга)
Пелистер – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Шкупи – Воска Спорт, Влатко Илиоски (Прилеп)
Александар Ванев, М-Нет