
Во недела ќе се одиграат натпреварите од 5. коло на Првата македонска фудбалска лига, по завршувањето на репрезентативната пауза. Веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест прволигашки натпревари.
Фуркан Идризи од Тетово ќе им суди на Работнички и Тиквеш, Александар Василевски ќе ја дели правдата на мечот во Струмица меѓу Брера Струмица и Беса, главен судија во Битола ќе биде Александар Ставрев од Скопје кој ќе им суди на повратникот Пелистер и шампионот Струга Трим Лум.
Мега дербито на Чаир меѓу Шкупи и Шкендија ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, главен судија во Охрид каде ќе играат Воска Спорт и Силекс ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а пак Димитар Пилешков од Штип ќе им суди на Гостивар и Вардар.
Сите натпревари ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет