
Делегирани се судиите за деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига. Натпреварите од оваа коло наместо во недела, ќе се одиграат во сабота поради репрезентативната пауза која следи, а ќе стартуваат со почеток од 14 часот.
Игор Стојчевски го доби „братското дерби“ во Битола меѓу Пелистер и Тиквеш, Игор Иванов ќе биде делител на правдата на Чаир меѓу Шкупи и Брера, Димитар Пилешков ќе патува во Охрид каде ќе биде главен судија на мечот меѓу Воска Спорт и Работнички.
Влатко Илиоски ќе биде задолжен за прадата на мечот меѓу Гостивар и Беса, Стојанче Трпчески ќе им суди на Вардар и шампионот Струга, а пак Алекснадар Ставрев ќе оди во Кратово каде ќе им суди поранешните шампиони Силекс и Шкендија.
Александар Ванев, М-Нет