
Извршниот директор на комората Антони Пешев посочи дека политичките партии за време на предизборите имаа средби со бизнис секторот каде ги презентирале своите нацрти. Може да се забележи дека сите во себе го содржат делот на фокус на бизнис заедницата
„Они дојдоа со нацрт програмите економски во комората презентираа и можам да кажам дека изненадувачки дека сите значајни партии дојдоа да разговараат со бизнис заедницата презентираа свои идеи како да се фокусираат на делот на бизнисот. И мислам дека индустријата, бизнисот економијата се елементите без кои ниту една држават не може да функционира. Не постои држава во која вие ќе вработувате администрација а ќе немате индустрија која може тоа да го испорача.„ вели Пешев
Во иднина се очекува даночната политика да не се промени, напротив да остане на сегашното ниво. Како и вештачките лимити во делот на законот за работни односи да си дојдат на свое место.
„ Има серија на работи кои очекуваме прво да не се променат. во делот на даночната политика да остане на сегашното ниво. она што е битно е некои работи на бизнисот коу му сметаат е воведувањето на некакви вештачки лимити во делот работење во недела , работењето од дома, флексибилното работно време и работи во делот на законот за работни односи не се предвидени би требало да си дојдат на свое место. Држава како Македонија која има потреба од висок економски раст не може да си дозволи луксуз да работи многу малку, да работи неефикасно, работната сила да не е едуцирана„ посочи Пешев
Би било од голема корист високите технологии да го насочат фокусот кон професионален и ефикасен вработен кој генерира додадена вредност
„За нас тајната е во враќањето на фокусот кон професионален и ефикасен вработен кој ќе генерира додадена вредност . Би било добро тоа да бидат високите технологии заради тоа што тие очигледно генерираат голема одадена вредност.„ изјави Пешев
Тој се надева дека она што беше ветено од политичите партии кои ќе ја формираат Владата ќе го испорачаат и во пракса за реалниот сектор.
Лаура Стојанова, М-Нет