Пет фудбалери го пропуштаат утрешното 28. коло на Првата лига поради акумулирани пет жолти картони!

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 28. коло на Првата фудбалсак лига, а пет играчи нема да може да настапат во рамки на истото, бидејќи имаат акумулирани пет жолти картони, што автоматски значи дека го пропуштаат следното 28. коло во случајот колото кое се игра утре.

Тиквеш во дуелот со Брера Струмица нема да може да смета на Оливер Стоименовски, а пак Брера за дуелот во Кавадарци со Тиквеш нема да може да смета на Ибрахим Абиодун Олаосебикан, интернационалец од Нигерија.

Вардар на гостувањето во Охрид каде ќе игра со Воска Спорт нема да смета на Немања Босанчиќ, Шкупи пак дома ќе игра со Силекс од Кратово, а нема да може да смета на услугите на Демир Емири.

Струга на домашен терен ќе игра со Гостивар, а а за стружани поради пет жолти картони нема да може да настапи Ефионг Хоган Укпа, интернационалецот од Нигерија.

Сите натпревари од 28. коло ќе започнат во 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет