
Денеска околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода пет лица кои се обиделе да извршат кражба во црква кај место викано Елките во Штип и нападнале полициски службеници. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.