Пет деца и возрасен човек биле извлечени утринава, биле завеани во кочанско

РЦУК – Штип, известува дека од субјектите задолжени за зимско одржување на патиштата на територијата на Регион Исток е добиено известување дека сите расположиви возила за чистење на патишта се излезени и се чистат патиштата според утврдениот приоритет (1 и делумно 2 степен на приоритет). Патните правци се проодни во зимски услови со снег по коловозот, а патните правци кон населените места во планиските делови се тешко проодни.
Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Контактирано е со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од оппштина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.