Персонал од штипското инфективно одделение по втор пат во карантин

Вчера е утврден позитивен тест на корона вирус кај медицинска сестра од инфективното одделение во Штип. Поради контакт со персоналот со кој работеле во иста смена дел од лекарите, сестри, техничари и болничари се ставени во карантин, а местата се пополнето со персонал од другите одделенија во болницата. Ова е втор случај на појава на позитивни на корона вирусот на инфективното одделение кој предизвика во карантин да завршат голем дел од персоналот.