
Дали штипјани се уште ги засукуваат ракавите за белење и перење теписи, или денес се се завршува само со еден телефоснки повик? Некогаш летниот одморот се чекал за фати четка во рака, да се извадат теписи во двор и да се направи генералка дома, денес времињата се целосно сменети, прво се мисли на вистински одмор на некое патување, а за чистењето, белење и перењето теписи, времето што ќе остане од истиот. Дали старите навики исчезнуваат или се уште има домаќинства што сами си ја завршуваат работата?
Многумина велат дека се презадоволни од агенциите, ќе се јават, ќе дојдат и целата работа им е завршена без мака. Други, пак, велат дека од оваа година ќе ја сменат навиката и ќе побараат помош, бидејќи немаат веќе време и можност сами да се фатат со се дома.
Инаку, штипјани се согласни дека со текот на годините некои стари навики полека исчезнуваат. Новото време носи нови обврски и предизвици, па се почесто се бара полесен и побрз начин да се завршат домашните работи.
Иван Митев, М-Нет