
Пензионерите, учениците и студентите веќе можат легално да работат, без да ги изгубат своите права. Министерот за економја Бесар Дурмиши изјави дека законот овозможува брзо и едноставно пријавување и одјавување на работниците преку електронски систем. Невработените нема да се бришат од евиденција и ќе го задржат паричниот надоместок, а корисниците на социјална помош нема да ги изгубат своите права. Пензионерите ќе продолжат редовно да ја примаат пензијата и покрај дополнителниот ангажман. Со ова законско решение се очекува повеќе луѓе да влезат во легални текови и да се зголеми вкупната работна сила на пазарот на трудот.
,,Министерството за економија и трд и досега спроведуваше активни политики преку оперативниот план за вработување, но анализите покажаа дека дел од лицата и понатмуу остануваат надвор од формалните текови. Токму затоа беше донесен овој закон, кои претставува суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работната сила. Со законот воведуваме пофлексибилен и едноставен модел за легално ангажирање со јасна правна рамка и елкетронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси. Законот овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права. Корисниците на гарантирана минимална плата и помош не ги губат социјалните и детските права. Невработените не се бришат од евиденција и не го губат паричниот надоместок. Пензионерите го задржваат правото на пензија.“, вели Дурмиши
Законот ги офака дејностите каде што сивата економија е најизразена, рече Дурмиши, како земјоделство, шумарство, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домакинствата, додава тој
,,Студентите и учениците ги задржуваат правата од образовниот систем. Во првата фаза законот ги офака дејностите каде што сивата економија е најизразена. Земјоделство, шумарство, рибарство, објектите за сместување, сервисните дејности за храна и дејностите во домакинствата.“, додава Дурмиши
Како што истакна Думриши, на овој начн работодавачите добиваат флексиблност и поедноставни административни постапки, а работниците добваат исплата по час, придонеси за пензионско-инвалдско осгорување, здравствено осигорување.
Иван Митев, М-Нет