Пензионерите во Штип бесплатно мереа шеќер во крвта и крвен притисок

Акција за мерење на шеќер во крвта и крвен притисок денеска беше реализирана во просториите на Здружението на пензионери Штип. По повод одбележување на светскиот ден на бубрежносто здравје, пензионерите бесплатно можеа да направат контрола на своето здравје. Заинтересираноста денеска беше голема.

„По повод светскиот ден на бубрезите, се мери шеќер во крвта, притисок за членовите на нашето здружение. Овде има голем број на пензионери кои го проверуваат своето здравје. Овие акции се добронамерни за превенција на здравјето на нашите пензионери и ние во текот на годината ги одржуваме во соработка со приватни и други институции.“ – вели Нетков.

Пензионерите, членови на здружението во Штип задоволни од ваквите акции кои се спороведуваат неколку пати во текот на година. Согласни дека на ваков начин вршат контрола на сопственото здравје и децидни се дека треба почесто да се органзиираат.

„Овие активности се за големо поздравување. Секое мерење на шеќер и притисок преставува добродет за секоја личност. Јас накај април требаше да одам на контрола, а ваквите активности превентивно уште подобро влијаат“ – велат пензионерите.

Претседателот Нетков посочи дека вакви акции се планирани и во иднина во текот на оваа година, со цел да се помогне на пензионерите и да се врши контрола на сопственото здравје.

Лаура Стојанова М-Нет