Пензиите исчезнуваат за десет дена-граѓаните се жалат на поскапувањата

Половина месец помина, а за многумина пензионери, пензиите веќе истрошени. Велат дека сè е поскапо – храната, лековите, сметките. Животот станува сè потежок, а можностите за заштеда – речиси непостоечки.Пензионерите остануваат во неизвесност, со надеж дека ќе се најдат решенија кои ќе го подобрат нивниот животен стандард.

Ако ситуацијата со високите цени продолжи и понатаму, пензионерите велат дека ќе биде уште потешко за живот.

Инаку, покачување пензионеритее зедоа изминатиот месец и тоа за 2,500 денари. Претходно во октомври земаа за уште толку, па за сега целосното покаќување бележи 5000 денари.

Иван Митев, М-Нет