
Пациентите од штипската клиничка болница кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Коочани се пренесени во Кличнички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што известија од штипската болница овде на лекување има само два пациенти.
„По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ –Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка Тереза‘‘-Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно. Во моментот во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти ,една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете.“ – велат од болницата.
Во текот на вчерашниот ден, тешко повредените беа пренесени на лекување во болниците од регионот кои понудија помош. Бугарија прифати 14 лица на лекување. Пет од нив се на возраст од 22 до 25 години и пристигнале вчеравечер, од кои тројца биле ставени на апарати за дишење. По 21 часот се испратени уште три малолетни пациенти. Утринава директорот на болницата „Пигоров“ изјави дека се донесени во тешка состојба. По три пациентите се пренесени и во болниците во Пловдив и Варна.
Помош понуди и Србија, каде со воен авион, синоќа беа транспортирани 12 повредени кои се хоспитализирани во Војномедицинската акадмија и во Кличничкиот центар на Србија. Со авионот во Скопје допатувале четири лекари и медидицински техничари за да помогнат во медицинската евакуација на повредените. Други двајца повредени со воени санитетски возила претходно беа транспортирани во Воената болница во Клиничкиот центар во Ниш.
И Турција веќе испрати два медицински авиони за евакуација, а се очекува денеска да стигнат и од неколку други земји.
Иван Митев, М-Нет