Панихида во чест на жртвите од Егејска Македонија организирана во Штип

Здружението на граѓани „Мирка Гинова„ од Штип традиционално оваа година организира панихида во чест на поменот за жртвите од Егејска Македонија. Кај спомен обележјето кај црквата свети Константин и Елена во населбата Балканска во Штип, свежо цвеќе положија претставници од здружението на граѓани, борците, претставници од Локалната самоуправа.

„Оваа година се одржува во помен на жртвите од Егејска Македонија. Овој ден е голем и значаен за прогонетите македонци и жртвите. Не е лесно да те истераат од својата земја, не е праведно, фашизмот во Грција многу лоши ни направи“ – вели Димков.

На панихидата беа присутни членовите на здружението како и оние кои имале блиски роднини односно своите претци биле дел од луѓето кои потекнувале од делот на егејска Македонија, а го почувствувале теророт во тој период на своја кожа, како и претставници од единицата за локална самоуправа на општина Штип. Првиот човек на Општина Штип, Иван Јораднов со став ова да не се повтори.

„Денеска присуствува на панихида во населба Балканска во чест на паднатите борци во граѓанската војна во Егејска Македонија чии семејства денеска живеат на територија на Општина Штип. Ние имаме обврска да го почитуваме нивното дело, да им оддадеме почит, да не ги заборавиме и да ни биде поука“ – кажа Јорданов.

Она што е човечност е пред сѐ да им се одаде почит на луѓето на кои им згаснал животот за својата татковина и да се остане обединето, бидејки сите знаеме дека македонскиот народ векови наназад имал мрачно и макотрпно минато.

Лаура Стојанова М-Нет