Пакети со храна и средства за хигиена донираа советниците од СДСМ и коалцијата во Штип

И советниците од СДСМ и коалицијата во Штип своите надоместоци од месец ноември ги донираа за прехрамбени продукти и хигиенски средства за социјално ранливите семејства. Во пресрет на Божиќните празници храната и хигиенските средтсва преку Банката за храна во Штип ќе бидат подели на семејствата кои имаат вистинска потреба од истите, со цел да се почувствува радост во сечиј дом.

„За месец јануари велат дека е месец на желби, надеж и радости, но воедно и е најдолгиот месец во текот на годината.Социјално ранливите семејства имаат потреба од помош се со цел да ги поминат подобро празниците, меѓутоа и да го истрпат овој најдолг месец. Токму затоа советничката група на СДСМ паушалите за месец ноември реши да ги намени за купување на прехрамбени производи и за хигиенски потреби за да бидат дарувани на овие ранливи категории заедно со Банката за храна“ – кажа Поповска.

Банката за храна во Штип преку текот на целата година донира пакети со храна на социјалните семејства. Сега во соработка со советничката група на СДСМ ќе се поделат дополнителни 50 пакети.

Инаку, за месец ноември советниците од СДСМ и коалицијата добија намалени надоместоци, односно исплатени им беа само 40%. Со оваа хуманитарна акција се покажува хуманоста на дело во пресрет на најголемите божиќни празници. Пакети со храна и средства за хигиена во пресрет на новогодишните празници поделија и советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Лаура Стојанова М-Нет