Падот на температурите си го направија своето, амбулантите се полни пациенти

Падот на температури си го направи своето, амбулантите се полни пациенти. Повторно се вратија горнореспираторните инфекции со покачена температура, кашлица, болка во грлото, малаксаност, но променлив крвен притисок. Меѓутоа она што не е често за периодов е појавата на гастроинтестиналните проблеми со мачнина, гадење, кои што се дел на вирозата , која што ја зазема својата сила. Лекарите со апел и совети за пациентите.

,,Крвен притисок, пак се вратија горнореспираторните инфекции со покачена температура, кашлица, болка во грло, малаксаност, меѓутоа нешто што не е често за овој период е појавата на гастроинтестиналните проблеми. Овие се се појава на гадење, мачнина, како дел на вирозата кој што овој период од година започна повторно својата сила да ја зема. Се надевам дека еве нема да трае долго.“, вели Митрова

За пациентите и понатаму се препорачуваат топли напитоци, мирување додека се намалат симптомите. Особено за таквите со покачена температура се препорачува седење дома

Доколку просторијата во која се наоѓаат пациентите не се провретрува, голема е веројатноста вирусот да се пренесува, велат лекарите, па затоа неопходно е просторијата да биде чиста, а пациентите да не зимаат лекавои на своја рака, туку навремено да ги посетат своите матични лекари.

Иван Митев, М-Нет