
Второлигашот Охрид денес го промовираше Хусеин Демири како најново засилување за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига.
27-годишниот Демири игра на повеќе позиции во нападот, а во својата кариера има настапувано и за Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Влазрими, Кеми, Феризај, Дуканџик, Тетекс и Гостивар.
Претходно, Охрид се засили и со Аљтин Лога кој настапува на повеќе позиции во нападот.
Охрид есенскиот дел го заврши на шестото место на табелата со 26 освоени бодови, а пролетниот дел го отвара против Тетекс на гостински терен.