ОФИЦИЈАЛНО: Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во Валенсија уште две години

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски останува во Валенсија уште две сезони односно до јуни 2028 година, откако официјално клубот од „Местаља“ ја активираше клаузулата за продолжување на договорот.

Димитриевски во Валансија пристигна во 2024 година, а досега за овој клуб забележа 33 официјални настапи во Ла Лига и кралскиот Куп.

Од клубот истакнаа дека ја искористиле можноста за продолжување на договорот со македонскиот голман за уште две сезони. Дополнуваат дека искуството на Димитриевски и сигурност меѓу стативите биле клучен момент за подобри резултати во тимот во вториот дел од сезоната.

Димитриевски на пет натпревари имаше чиста мрежа, а Валенсија ги доби дуелите со Хетафе, Леванте, Осасуна, Севиља и Атлетик Билбао, со што 32-годишниот Димитриевски имаше значајна улога во добрите резултати на Валенсија во вториот дел од сезоната.

Валенсија сезоната во шпанскиот шампионат ја заврши на деветтото место со 49 бодови, два помалку од екипата на Хетафе која заврши како седма и обезбеди излез во Европа односно ќе игра во Конференциската лига на УЕФА.

Александар Ванев, М-Нет