
Официјално започна со работа единствена школа за музика и танц „Перформанс“ во Штип. Станува збор за школа чија единствена цел е на професионален начин да ги образува сите генерации граѓани, кои имаат талент или желба да научат чекор плус. Школата веќе работи неколку месци и изнудува насмевки, позитивни вибрации и лесно чекори кај веќе запишаните членови
„Сакам да најавам дека официјално во Штип е отворена единствената школа за музика и танц “Перформанс“ – школа која на професионален начин и преку стручен метод на работа ќе ги образува сите заинтересирани граѓани кои ќе сакаат да членуваат во нашата школа, а без разлика на нивната возраст.“ – вели Митев.
Заинтересираните имаат можност да научат да играат, да танцуваат но и да пеат. Опфатени се дечињата од предучилишна возраст, како и повозрасните граѓани кои се љубители на танцот и музиката.
“Од аспект на танци, ќе имаме народен македонски танц, кој ќе се дели на два дела, потоа ќе имаме танц на народите и секако танц од светот, потоа ќе имаме класичен балет за сите оние почетници од предучилишна возраст како и за децата до петто одделение и на крај дуетен танц односно младоженски танц. Од аспект на пеењето и музиката ќе имаме македонско народно пеење, поп, џез пеење и изучување на пијаното.“ – додава Митев.
Сите кои сакаат да бидат дел од големото семејство на школата за музика и танц „Перформанс“ во Штип може да се пријават и да уживаат.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет